Бесплатно од Огранокот60 прашања

Проверете ги своите вештини за проектен менаџмент

Оригинални прашања напишани од волонтери на Огранокот, по домените и задачите на CAPM® Examination Content Outline. Одберете одговор, проверете, прочитајте зошто секоја опција е (не)точна. Без најава, без обврски - напредокот се чува само во вашиот прелистувач.

Прашањата се на англиски, како и испитот. Под секое прашање има објаснување на македонски - се отвора на клик.

Како сакате да вежбате

По домен

Сите прашања од еден домен, по ред на задачите од испитната содржина. Процентот е тежината на доменот на испитот.

  1. Домен 1 · 36 % од испитотОснови и клучни концепти на проектниот менаџмент22 прашања
  2. Домен 2 · 17 % од испитотПредиктивни, планирани методологии10 прашања
  3. Домен 3 · 20 % од испитотАгилни рамки и методологии12 прашања
  4. Домен 4 · 27 % од испитотРамки за бизнис-анализа16 прашања

Напредокот се чува само на овој уред, во прелистувачот - без најава, без колачиња, без сервер. Бришењето на податоците на прелистувачот го брише и него.

Како се пишувани

Секое прашање е оригинално - напишано од волонтери на Огранокот според домените и задачите на CAPM® Examination Content Outline (2023) и водичите што PMI ги наведува за испитот (PMBOK® Guide - седмо издание, Process Groups: A Practice Guide, Agile Practice Guide, водичите за бизнис-анализа). Ниедно не е прашање од испитот, ниту „запаметено“ прашање, ниту преработка на туѓо. Секое е решавано „на слепо“ од втор читател пред да биде објавено, и ќе го потпише сертифициран член на Одборот. Ако мислите дека друга опција е подобра - пишете ни; така се поправаат прашањата.

Потешко?

Дилемата на неделата е една ситуација на ниво PMP, со две опции што изгледаат точно.

Дилема на неделата

Оригинални вежбовни прашања, напишани и прегледани од волонтери на Огранокот. Не се прашања од испитот на PMI, не се одобрени од PMI и не се замена за официјалните материјали на PMI; не носат часови за подготовка ниту PDU поени. Испитот е на англиски; прашањата тука исто така. „PMI“, „CAPM“, „PMP“ и „PMBOK“ се регистрирани заштитни знаци на Project Management Institute, Inc. Огранокот не спроведува испити - пријавувањето е на pmi.org.

Прашањата следат CAPM® Examination Content Outline од 2023 година и PMBOK® Guide - седмо издание, кои PMI ги наведува за овој испит. Кога PMI ќе ја измени испитната содржина, прашањата се повлекуваат додека не бидат усогласени.