PDU поени

PDU е единицата со која PMI мери континуирано учење. Сертификатот не трае вечно - се одржува со PDU поени во циклус од три години. Овде е објаснето што е PDU, колку треба, од каде се собираат и како се пријавуваат.

Што е PDU

Еден PDU (Professional Development Unit) е еден час учење или придонес кон струката. Помалку од час се брои на четвртини: 15 минути се 0,25 PDU. Циклусот трае три години и почнува на денот кога сте го положиле испитот. До крајот на циклусот поените треба да бидат пријавени и обновувањето платено - инаку сертификатот се суспендира.

PMI Talent Triangle

PMI ги дели поените од учење во три области и бара минимум во секоја од нив - бројките се во табелата подолу. Остатокот може да биде во која било од трите.

Начини на работа

Техничкиот дел од работата: методологии, планирање, ризик, распоред, агилни пристапи.

Лидерски вештини

Работа со луѓе: водење тим, комуникација, преговарање, справување со конфликт.

Деловна проникливост

Разбирање на бизнисот околу проектот: стратегија, регулатива, вредност за организацијата.

Учење и придонес

Поените се собираат на два начина. Учење (Education): курсеви и обуки, состаноци и настани на струката - вклучително настаните на PMI ограноците - онлајн содржини, читање и структурирани разговори како менторство. Придонес кон струката (Giving Back): работа во струката, создавање содржина, држење презентација, споделување знаење и волонтирање. Учењето има минимум, придонесот има максимум, а горна граница за учење нема.

Колку поени бара секој сертификат

Во циклус од три години, според CCR прирачникот на PMI (верзија април 2026):

  • PMPProject Management Professional
    60вкупно
    35 · 8 по областминимум учење
    25максимум придонес
  • PgMPProgram Management Professional
    60вкупно
    35 · 8 по областминимум учење
    25максимум придонес
  • PfMPPortfolio Management Professional
    60вкупно
    35 · 8 по областминимум учење
    25максимум придонес
  • PMI-PBAProfessional in Business Analysis
    60вкупно
    35 · 8 по областминимум учење
    25максимум придонес
  • PMI-ACPAgile Certified Practitioner
    30вкупно
    18 · 4 по областминимум учење
    12максимум придонес
  • PMI-RMPRisk Management Professional
    30вкупно
    18 · 4 по областминимум учење
    12максимум придонес
  • PMI-SPScheduling Professional
    30вкупно
    18 · 4 по областминимум учење
    12максимум придонес
  • CAPMCertified Associate in Project Management
    15вкупно
    9 · 2 по областминимум учење
    6максимум придонес

Условите ги одредува PMI и се менуваат - проверете во актуелниот CCR прирачник пред да се потпрете на бројка. PMI-CP, PMI-PMOCP и PMI-CPMAI имаат свои редови во истиот прирачник. Од вишокот поени, само оние заработени во последната година од циклусот се пренесуваат во следниот: до 20 за PMP, PgMP, PfMP и PMI-PBA, до 10 за PMI-ACP, PMI-RMP и PMI-SP, до 5 за CAPM.

CCR прирачник (PDF)Се отвора на друга страница

Како конференцијата носи поени

  • Годишната конференција на огранокот е настан на PMI огранок со образовна содржина. Во CCR прирачникот тоа е активност од тип „Organization Meetings“ во категоријата учење - еден час присуство е еден PDU.
  • Едно издание на конференцијата носи 4 PDU поени. Распоредот по трите области на Talent Triangle се објавува со програмата.
  • Ако сте говорник, подготовката и одржувањето на предавањето се поени во категоријата придонес („Give a Presentation“). Волонтирањето во огранокот е исто така придонес („Volunteer“) - еден час е еден PDU.
  • Другите настани на огранокот носат поени само ако тоа е запишано на страницата на настанот.

Како да ги пријавите

  1. Најавете се на pmi.org, отворете го вашиот myPMI dashboard и изберете „Report PDUs“ - тоа е системот CCRS. Истото го има и во мобилната апликација на PMI.
  2. За конференцијата изберете категорија Education и тип „Organization Meetings“. Внесете организатор (ПМИ Македонија), наслов на настанот, датум и број часови.
  3. Распоредете ги поените по областите на Talent Triangle - по еден PDU за секој час - и поднесете ја пријавата.
  4. Зачувајте ја потврдата за учество или пријавата за настанот. PMI прави случајна проверка (audit) и тогаш бара токму тоа.
  5. Кога ќе ги соберете сите поени, PMI ве известува да го платите обновувањето. Рокот е најдоцна 90 дена по крајот на циклусот.