Understand PMBOK® 8 - Key Changes and PMP® Exam Implications
Настан во живо за најновите промени во PMBOK® Guide 8 и како тие ќе влијаат на PMP® сертификацијата - практично, јасно и применливо. Организиран во соработка помеѓу Konceptiv и PMI North Macedonia Chapter.
- Кога
- Каде
- Netaville, Скопје
- PDU поени
- PDU поените за овој настан не се објавени.
Овој настан е одржан.

Најновите промени во PMBOK® Guide 8 и како тие ќе влијаат на PMP® сертификацијата - практично, јасно и применливо.
Сесијата опфати:
- клучни разлики и новини во PMBOK® 8
- како да се подготвите за новиот PMP® испит
- практични насоки и real-life insights
Настанот беше организиран во соработка помеѓу Konceptiv и PMI North Macedonia Chapter.
Како помина
Одржавме одличен настан посветен на иднината на проектниот менаџмент! На сесијата „Understand PMBOK® 8 - Key Changes and PMP® Exam Implications“ имавме можност да ги разгледаме најновите промени во PMBOK® 8, презентирани од Дарко Димитровски.
Новата верзија на PMBOK® уште еднаш покажува дека PMI активно ги следи глобалните трендови и ја прилагодува професијата на современите потреби. Особено е значајно што сè поголем фокус се става на теми како:
- Artificial Intelligence (AI)
- адаптибилност и иновации
- стратешка улога на проект менаџерите
- нови компетенции потребни за иднината
Ова е јасен сигнал дека проектниот менаџмент продолжува да се развива - и дека ние, како професионалци, треба да растеме заедно со него. 🚀 Благодарност до сите присутни за интересот, енергијата и одличната дискусија!