First Balkan Leadership Summit
Како најмлад огранок на ПМИ на Балканот, огранокот во Македонија ја доби честа да го организира првиот балкански проектен лидершип самит, на 29 и 30 јуни 2019 година во Охрид.

Остануваат уште неколку дена до отпочнување на првиот балкански проектен лидершип самит. Сега е одлична прилика и вие да бидете дел од овој собир на којшто ќе присуствуваат лидери од компаниите и лица коишто аспирираат тоа да постанат.
За таа цел, ексклузивно за овој настан ќе имаме претставување на глобалната иницијатива Brightline Initiative, креирана специјално за бизнис лидерите и за размена на нивни искуства, истражувања и нивно вмрежување.
Говорниците
Ова ќе биде ексклузивна можност да го слушнеме и членот на Бордот на ПМИ, г-дин Томас Валента, експерт со долгогодишно проект менаџмент искуство, којшто ќе ни збори за вредноста на проектниот менаџмент во една компанија.
Wojciech Czyzewski, Asseco Poland, ќе ни говори за проектен лидершип и лекции коишто се научени водејќи луѓе од различни култури.
Милан Шмигиќ, ЦПМ, ќе биде модератор на настанот и ќе одржи работилница на тема Jung at heart, what’s your personality colour?
Барбара Брегар-Мрзликар, долгогодишен лидер во ЦЕЕД Словенија, ќе зборува на тема Why is leading hard & how to become a better leader.
Регионалниот ментор од ПМИ Catalin Dogaru ќе има интересно излагање на тема Servant Leadership.
Особено интересна за сите ќе биде и работилницата за Lean Management во организација на Александар Илоски од MQS Macedonia и Коста Петров од Moonsun.
За настанот
Како најмлад огранок на ПМИ на Балканот, локалниот огранок на ПМИ Македонија ја доби таа чест да го организира првиот балкански проектен лидершип самит. Во организацијата на самитот имаме целосна поддршка од ПМИ ограноците од Балканот, коишто функционираат на овие простори повеќе од 15 години.
Project Management Institute (PMI) е најголемата светска асоцијација за проект менаџери, со преку 600.000 сертифицирани експерти и 450.000 членови во повеќе од 200 земји.
ПМИ огранокот во Северна Македонија е локалниот огранок на овој институт и има за цел да ја промовира важноста на улогата на проект менаџерите во водењето и обезбедувањето на резултатите и континуирано подобрување во фирмите, со овогодинешните теми на Project Leadership Summit.
Настанот ќе биде одржан на 29 и 30 јуни 2019 година во хотел „Инекс Горица“ во Охрид и се очекува да присуствуваат околу 100 гости од земјата и од странство.
Уште вести

Early Bird периодот за конференцијата е продолжен до 10 септември 2026
Поради големиот интерес, Early Bird периодот за PMI конференцијата на 16 октомври е продолжен до 10 септември 2026 - 3.000 МКД по учесник.

Покана за годишната конференција 2026: Impact Over Output
Со задоволство Ве покануваме на годишната конференција на PMI North Macedonia Chapter „Impact Over Output: Redefining Project Success; From Delivery to Value“ - петок, 16 октомври 2026, M6 Educational Centre, Скопје.

Почеток на регионалната серија вебинари на PMI
Горди сме што ја започнавме регионалната серија вебинари на PMI заедно со партнерите и регионалната PMI заедница - со сесијата на Дарко Димитровски „Balancing AI-Driven Transformation and Sustainable Delivery“.